Microsoft веќе подолго време експериментира со видео позадини во Windows 11, а сега конечно пристигна и некаков „опиплив“ резултат.
Microsoft тестира нова функција во Windows 11 која ќе им овозможи на корисниците да поставуваат видеозаписи како позадина на работната површина. Како што е забележано во најновата тест верзија на оперативниот систем, опцијата поддржува MP4 и MKV формати, а видеата се репродуцираат секој пат кога корисникот ќе ја отвори работната површина.
Како изгледаат видео позадините во пракса, можете да видите во видеото објавено на X, кое може да го погледнете на овој ЛИНК.
Некои сигурно се сеќаваат дека видео позадини веќе еднаш беа дел од екосистемот на Microsoft. Имено, во Vista постоеше функцијата DreamScene, но таа беше укината со излегувањето на Windows 7, далечната 2009 година.
Сепак, интересот на корисниците за видео позадини никогаш не исчезна, што јасно ја покажува популарноста на Wallpaper Engine, кој редовно се наоѓа меѓу 10-те најкористени апликации на Steam.