iPhone Air со својот ултра-тенок профил покрена тренд на исклучително тенки паметни телефони. OPPO, Techno, Xiaomi и Honor наводно работат на свои верзии.
iPhone со години ги поставува стандардите кои конкуренцијата ги следи, а новиот iPhone Air дополнително ја зацврсти таа пракса. Оваа година Apple успеа да ја намали дебелината на уредот на само 5,6 мм, задржувајќи ја издржливоста и одличната автономија на батеријата.
Најновите информации што ги пренесува инсajдерската заедница откриваат дека неколку големи Андроид брендови – OPPO, Techno, Xiaomi и Honor – веќе започнале со развој на свои ултра-тенки модели инспирирани од iPhone Air, иако деталите за спецификациите и датумот на лансирање сè уште не се познати.
iPhone Air покрена бран на ултра-тенки телефони
Прв кој направи чекор во таа насока беше Samsung со Galaxy S25 Edge моделот, претставен уште во мај. Неговата дебелина изнесува 5,8 mm, што е нешто повеќе од iPhone Air, но предноста му е малата маса на уредот – само 163 грама со екран од 6,7 инчи. Сепак, послабата автономија се покажа како главен недостаток во споредба со моделот на Apple.
Она што го издвојува iPhone Air е способноста од батерија од 3.149 mAh да обезбеди траење на ниво на iPhone 16 Pro моделот. Причината за тоа лежи во сопствените процесори на Apple кои значително ја намалуваат потрошувачката на енергија. Кај Андроид брендови ситуацијата е поинаква. Тие ја немаат таа предност кај процесорите, но медиумите предвидуваат дека OPPO, Xiaomi и Honor би можеле да ја искористат најновата технологија на силициум-јаглеродни батерии. Таа овозможува сместување на поголем капацитет енергија во ист простор, што би можело да ја подобри автономијата на ултра-тенките Android телефони.
За разлика од нив, Samsung кај Galaxy S25 Edge моделот се одлучи за поконзервативен пристап, па новата технологија не беше применета, што резултираше со забележливо послаба автономија на батеријата.
Трендот што го започна Apple очигледно се шири во Андроид светот, а наредните месеци ќе покажат дали и другите брендови ќе успеат да спојат тенок дизајн и задоволителна автономија на ниво што го очекуваат корисниците.