Google воведува нов „You“ таб, регионални секции и AI функции како „Guided Search“ и „Ask Play“ со цел Play продавницата да стане повеќе од место за преземање апликации.
Google најави низа значајни промени за Google Play продавницата со цел платформата да се трансформира од обично место за преземање апликации во побогато корисничко искуство. Поголемиот дел од новитетите се потпираат на вештачка интелигенција, а потегот доаѓа во момент кога сè почесто се зборува за отворање на Android екосистемот за трети страни и алтернативни продавници за апликации.
Највидливата промена е воведувањето на новиот таб наречена You. Таа ги комбинира функциите на персонализиран профил и секцијата For You, нудејќи препораки за апликации, содржини од стриминг сервиси достапни во Play продавницата, како и пристап до универзални Google game профили.
Покрај тоа, Google ги проширува начините на кои корисниците можат да откриваат апликации. Регионалните секции, инспирирани од тестови како Cricket Hub во Индија или стрип секцијата во Јапонија, сега доаѓаат и во други земји. Во Кореја е лансирана посебна Entertainment секција што ги обединува кратките видео формати, веб-стрипови и стриминг апликации. Интересно е што корисниците во САД ќе можат директно во рамки на Play продавницата да читаат веб-стрипови и да гледаат K-dramas во краток формат, без дополнителни преземања.
Вештачката интелигенција игра клучна улога и во пребарувањето. Новата функција Guided Search им овозможува на корисниците да бараат резултати според целта, како „купување куќа“, а Gemini AI потоа ги организира апликациите по релевантни категории. Исто така, функцијата Ask Play, која овозможува да поставувате прашања за апликација и да добивате AI-генерирани одговори, се шири на сè поголем број страници на апликации.
Промените почнуваат да пристигнуваат оваа недела во земјите каде што е достапна програмата Google Play Points, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Јапонија и Кореја, додека од 1 октомври ќе бидат достапни и во други држави.