Google Photos воведува обработка на фотографии преку конверзација со корисникот на Android платформата. Доволно е со глас или текст да се опишат измените и вештачката интелигенција веднаш ќе ги примени.
Google започна да ја воведува новата функција за обработка на содржина со помош на конверзација преку глас или текст, која првично дебитираше на Pixel 10 телефоните, а сега е достапна за сите корисници на Android уреди кои ги исполнуваат условите.
Нема повеќе потреба од рачно местeње на лизгачи и алатки – доволно е да се опишат посакуваните измени со глас или текст, а Google Photos автоматски ќе ги примени.
Google Photos со помош на глас или текст обработува фотографии на Android
Функцијата се активира со допир на опцијата „Help me edit“ во рамките на уредувачот. Потоа, корисникот може да опише што сака да промени, а апликацијата со помош на Gemini вештачката интелигенција ќе ја заврши работата. За оние на кои им недостасува инспирација, достапни се однапред дефинирани предлози или едноставната команда „make it better“.
Оваа можност отвора простор и за креативни, нереални измени, како преместување на животни од фотографијата во сосема нов амбиент или додавање необични детали. На тој начин, уредувањето фотографии станува побрзо, полесно и позабавно од кога било досега.
Со комбинацијата од гестови, предлози за брзи измени и веќе напредниот AI метод за обработка и уредување фотографии, Google Photos поставува нови стандарди за креативно и интуитивно уредување на слики на Android платформата.