YouTube Premium добива важни подобрувања – од висококвалитетен звук во Music апликацијата, до побрзо гледање видеа и новата Jump ahead опција на паметни телевизори и конзоли.
YouTube воведува низа нови функции за своите Premium корисници, кои треба да ја направат претплатата уште поатрактивна. Најзначајните промени вклучуваат висококвалитетен аудио во YouTube Music апликацијата, можност за гледање видеа до четири пати побрзо и опцијата Jump ahead на паметни телевизори и конзоли.
Висококвалитетниот звук сега е достапен за сите Premium претплатници, под услов да слушаат „официјални/premium музички спотови и Art Tracks“. Опцијата за побрзо репродуцирање, која претходно беше достапна само на мобилни апликации, сега доаѓа и на веб верзијата и овозможува гледање на содржини до четири пати побрзо, со чекори од половина.
Особено корисна е Jump ahead функцијата на Smart TV уреди и конзоли, која овозможува прескокнување на делови од видеото кои не се интересни или промотивни сегменти со еден клик.
iOS корисниците добиваат дополнителни подобрувања како автоматско преземање на Shorts содржини и Picture-in-Picture прикажување. Сите функции се достапни исклучиво за претплатници.