Денеска официјално беше отворен најголемиот регионален настан посветен на вештачката интелигенција – AI Tech Summit Skopje 2025, кој традиционално ги обединува водечките експерти, компании и ентузијасти од областа на технологијата.
Ова издание на самитот започна со емотивна и достоинствена посвета на неговиот основач ФилипАврамчев, кој годинава нè напушти, оставајќи зад себе силна визија и наследство за технолошката заедница. Филип веруваше дека Македонија и регионот имаат потенцијал да бидат дел од глобалната технолошка мапа. Неговата страст и посветеност се вградени во овој настан и ќе продолжат да бидат поттик за идните генерации, истакнаа организаторите при отворањето.
На отворањето беше прикажано специјално видео вонегова чест, кое ја раскажа неговата приказна и визија заразвој на технологијата како двигател на иновации, напредок и поврзување на регионот со светските текови.Филип беше повеќе од само лидер. Тој беше сонувач, делотворен човек и пред сè, веруваше во трансформативната моќ на технологијата. Работешенеуморно за да создаде платформа каде што иноваторите, експертите и младите умови би можеле да се соберат за даучат, да соработуваат и да ја обликуваат иднината. Неговата страст и посветеност го претворија самитот завештачка интелигенција не само во настан, туку во сосеманова платформа која ќе испишува историја и понатаму. Овогодинешниот самит е посветен на неговиот живот и сетоона кое тој успеа да го донесе и пренесе кај нас.

Со помош на вештачката интелигенција, Филип ни’ сеобрати уште еднаш за да не праша “дали има нешто поубаво од разбирањето дека нечија љубов, страст и посветеност станале инспирација и суштинска мотивацијаза останатите?” и да ни посака успешен Самит кој оваагодина успеа да се реализира со помош на неговото семејството, тимот и пријателите, кои заеднички ја завршијаработата и се заложија дека и понатаму AI Tech Summit Skopje ќе живее во негово име. Филип, се надеваме дека сегордееш со нас!!!
AI Tech Summit Skopje 2025 ќе опфати повеќе панели, предавања и работилници со учество на врвни говорнициод целиот свет, со фокус на практичната примена на вештачката интелигенција и нејзината улога вотрансформацијата на бизнисите, медицината, спортот, општеството и секојдневието.

