Microsoft официјално ги претстави новите икони за Office, откако нивниот изглед „протече“ на интернет порано годинава.
Иконите имаат модерен дизајн кој е пошарен и пораскежлив, со суптилни промени што се усогласени со неодамнешната работа на Microsoft на Fluent илустрациите.
Сите 10 основни Office икони се освежени, а нивниот дизајн е инспириран од работата на Microsoft на иконата за Copilot. Ова е првата голема промена на Office иконите по редизајнот од 2018 година и има за цел да претстави поповрзан систем на дизајн и влијанието на Copilot врз Microsoft 365.

„Последен пат основните десет Office апликации беа ажурирани во 2018 година. Начинот на кој ги опишавме што претставуваат дизајните е речиси идентичен со јазикот што и денес се користи: поврзаност, кохерентност, беспрекорна соработка, флуидни премини. Новите икони зрачат со чувство на флуидност и игра, а во исто време се поедноставни, поинтуитивни и лесно пристапни“, изјави Џон Фридман, корпоративен потпретседател за дизајн и истражување за Microsoft 365.
Слично како и со новото лого на Google, Microsoft избра градиенти на бои за своите Office икони.
„Додека градиентите порано беа суптилни, сега се побогати и пооживеани, со изразени аналогни премини што го подобруваат контрастот и пристапноста“, рече Фридман.

Новите икони се и малку поедноставени, вклучувајќи ја и иконата за Word, која претходно користеше четири хоризонтални линии, а сега користи три. Оваа промена е направена за да се подобри читливоста при помали димензии.
„Се оддалечивме од задебелената, статична цврстина за да прифатиме помеки, пофлуидни форми. Острите рабови и линии се заменети со мазни набори и кривини, давајќи им на иконите чувство на разиграно движење и пристапност“, изјави Фридман.
Новите икони ќе почнат да се воведуваат во наредните недели на веб, десктоп компјутери и мобилни уреди, како за корисниците, така и за комерцијалните клиенти на Microsoft 365.

