LG започна со глобална надградба на постарите телевизори на webOS 25, вклучувајќи OLED и QNED модели од 2022, 2023 и 2024 година. Новиот софтвер носи AI звук, поддршка за 1440p при 120Hz и прилагодливи екрани.
Како што беше најавено на почетокот од годината, LG ја започна глобалната надградба на постарите телевизори на webOS 25. Ажурирањето пристигнува на сите модели од 2023 и 2024 година, како и на одредени OLED и QNED 8K модели од 2022 година. Според пишувањето на FlatpanelsHD, OLED моделите имаат приоритет и први ќе го добијат ажурирањето.
Фирмвер верзиите што ја носат новата платформа се 33.21.85 или 33.22.15, а кога ќе бидат достапни, корисниците ќе можат да ги инсталираат директно преку менито за ажурирање или преку USB меморија. Програмата за надградба е глобална и се очекува да трае до почетокот на 2026 година.
webOS 25 носи неколку новини
Иако webOS 25 не донесува радикални промени во однос на претходната верзија, сепак воведува неколку значајни подобрувања, меѓу кои:
- можност за скривање на однапред инсталираните апликации од почетниот екран,
- редизајниран smart home hub,
- поддршка за 1440p 120Hz, што е особено корисно за PC гејмерите и надолажувачката Nintendo Switch 2 конзола,
- нов AI звучен режим за автоматско прилагодување на звукот според содржината,
- опција корисниците да вметнуваат сопствени слики за screensaver-и.
Модели кои ја добиваат надградбата:
- LG B2, C2 и G2 4K OLED TV (2022)
- LG B3, C3 и G3 4K OLED TV (2023)
- LG B4, C4 и G4 OLED TV (2024)
Покрај овие, LG потврди дека и QNED моделите, како и серијата StanbyME, ќе ја добијат надградбата во наредниот период.
За корисниците, оваа надградба значи помодерно искуство, поголема контрола врз интерфејсот и подобрена мултимедијална поддршка, што го продолжува животниот век на постарите LG телевизори.