Комерцијална банка известува дека од 07.10.2025 година се овозможени девизни СЕПА кредитни трансфери за физички и правни лица, кои може да се реализираат во експозитурите и филијалите на Банката или електронски преку новиот портал за Интернет банка https://online.kb.mk/.
Важни напомени за девизните СЕПА кредитни трансфери:
- Можат да се извршуваат исклучиво во валута евра, кон земји членки во СЕПА географскиот регион и кон банки регистрирани за СЕПА кредитни трансфери.
- Термински план за извршување СЕПА кредитни трансфери со валута ист ден е 12.00 часот.
- Дали една девизна трансакција ќе се изврши како СЕПА кредитен трансфер (за плаќање кон странство и за прилив од странство) е прашање на договор меѓу партнерите во зделката.
- За СЕПА кредитните трансфери важи истата регулатива од доменот на платежните услуги и девизното работење како и за стандардните кредитни трансфери во странство што се извршуваат преку коресподентско банкарство.
Електронски налози за девизните СЕПА кредитни трансфери не се достапни на стариот портал banka.com.mk, туку само на новата Интернет банка, каде може да се најавите со истото корисничко име, лозинка и УСБ дигитален сертификат, кои веќе ги користите на стариот портал banka.com.mk.
Порталот banka.com.mk наскоро ќе биде деактивиран, а за да продолжите со користење на електронското банкарство, потребно е клиентите да се префрлат на порталот https://online.kb.mk. Новата Интернет банка е со модерен изглед и напредни функционалности и на клиентите им овозможува лесно, брзо и напредно управување и контрола на личните и деловните финансии.
Повеќе информации за СЕПА кредитни трансфери за физички и правни лица може да најдете на kb.mk.
Пристапувањето кон СЕПА за македонските граѓани и компании значи дека плаќањата ќе се вршат во евра и на сосема ист начин како и во државите од ЕУ. Значајно е што тоа обезбедува брзи, сигурни и поевтини трансфери.


