Глобалните испораки на паметни часовници во периодот од април до јуни, односно во второто тримесечје (Q2 2025), пораснаа за 8% во однос на истиот период минатата година – достигнувајќи 34,4 милиони примероци.
Според податоците на Counterpoint Research, Huawei забележал раст од 53%, со околу 7,2 милиони испорачани единици, со што за првпат го зазеде водечкото место со 21% глобален пазарен удел.

Цените на Huawei се клучна причина за нивната популарност. Просечната цена на нивните паметни часовници изнесува 227 долари, што е отприлика половина од просечната цена на Apple часовниците, кои чинат 413 долари, според Counterpoint Research.
Испораките на Apple паметни часовници, пак, паднале за 3%, на 5,8 милиони единици во истиот период – што претставува седмо тримесечје по ред со годишен пад. Пазарниот удел на Apple изнесувал 17% во периодот од април до јуни.



