Новата опција во iOS 26 прикажува целосна историја на повици со кој било контакт, вклучувајќи ги датумите, времето и траењето на разговорите.
Со iOS 26, корисниците на iPhone добиваат нова функција што овозможува детален увид во сите повици направени со одреден контакт — вклучувајќи дојдовни, појдовни и пропуштени повици.
Оваа опција може да прикаже записи што датираат месеци, па дури и години наназад, во зависност од зачуваната историја на повици.
Преглед на целосната историја повици во iOS 26
За да пристапите до овој приказ, потребно е да ја отворите апликацијата Phone, да го пронајдете посакуваниот контакт во делот Recents, потоа да го допрете името на контактот (или иконата „i“ во класичниот приказ), да скролувате надолу и да ја изберете опцијата Call History.
Потоа ќе биде прикажан хронолошки преглед на сите разговори со тој контакт, со точен датум, време и траење на секој повик.
Оваа функција е особено корисна за проверка кога последен пат сте разговарале со некого или за потврда на траењето на разговорот, пренесува MacRumors.