Новиот OneDrive за Windows треба да биде достапен во текот на 2026 година и ќе донесе низа функции кои ќе им го олеснат на корисниците прегледувањето, уредувањето и споделувањето фотографии.
Microsoft најави голема надградба на OneDrive за 2026 година, која вклучува целосно нова апликација за Windows и AI помошник за фотографии.
За разлика од досегашната верзија, новата апликација повеќе нема да биде скриена во мал прозорец на лентата со задачи, туку ќе биде целосна апликација со модерeн изглед, сличен на мобилната верзија. Ќе вклучува галерија со сите фотографии во облакот и посебен преглед по лица, кој автоматски ги препознава и овозможува нивно означување со имиња.
Покрај работата со датотеки во облакот, OneDrive сега ќе овозможи и уредување на локални фотографии, кои корисниците можат да ги зачуваат на компјутерот или во Microsoft Cloud.

Голема новост е и Photos Agent, AI алатка која ќе биде достапна за претплатниците на Microsoft 365 Copilot и Microsoft 365 Premium. Таа функционира како chatbot за фотографии, што значи дека корисниците ќе можат да побараат, на пример, да им најде слики од одредено патување или временски период и автоматски да креира албуми.
Мобилните верзии на OneDrive за iOS и Android исто така добиваат AI уредување на фотографии, со можност за создавање анимирани ефекти и автоматско бришење на заматени или дупли слики. Новиот приказ Moments веќе почна да се појавува и овозможува преглед на стари спомени, по примерот на опцијата On This Day.
Покрај сето тоа, Microsoft воведува и нов начин на споделување документи под името “hero link”, кој овозможува лесно копирање на URL адресата на датотеката без потреба од посебни покани — слично како во Google Docs.
Повеќе информации за овие промени се достапни на следниот линк.


