Според најновите информации од новинарот на Bloomberg, Марк Гурман, Apple планира да објави нови производи во текот на оваа недела. Се очекува компанијата се очекува да ги освежи моделите iPad Pro, Vision Pro и веројатно 14-инчниот MacBook Pro, сите со најновиот M5 процесор.
За разлика од претходните лансирања, Apple најверојатно нема да одржи посебен настан. Наместо тоа, новите производи ќе бидат претставени преку соопштенија на веб-страницата Apple Newsroom, а можно е и објавување на кратки промотивни видеа на YouTube.
Со оглед на тоа што понеделник е празник во САД (Columbus Day) и Канада (Ден на благодарноста), претставувањето најверојатно ќе се случи во вторник или подоцна во текот на неделата.
iPad Pro

Новиот iPad Pro веќе се појави во неколку Unboxing видеа во Русија, кои потврдија дека уредот ќе користи M5 чип и ќе стартувасо најмалку 12 GB RAM, без значајни промени во дизајнот. Единствена новина е тоа што натписот „iPad Pro“ повеќе не се наоѓа на задната страна.
Според тестовите на Geekbench 6, M5 чипот нуди до 12% побрзи перформанси на процесорот и до 36% подобри графички резултати во однос на M4.
Vision Pro

Ажурираната верзија на Vision Pro исто така ќе го користи M5 процесорот и ќе добие нова Dual Knit Band лента за глава за поголема удобност. Можно е и воведување на нова Space Black боја, а уредот ќе продолжи да поддржува Wi-Fi 6.
Apple сè уште не потврди дали ова ќе се смета за втора генерација Vision Pro, бидејќи развојот на целосно нов модел моментално е ставен во мирување.
MacBook Pro 14 инчи

Основниот 14-инчен MacBook Pro со M5 чип е „подготвен за лансирање“, според Гурман. Помоќните модели со M5 Pro и M5 Max чипови се очекуваат во почетокот на 2026 година.
Голем редизајн се најавува за следните генерации, кои би можеле да донесат OLED дисплеј, тачскрин поддршка, вграденa мобилна конекција и M6 процесори произведени со 2nm технологија.
Останати уреди
Во подготовка се и нови модели на Apple TV, HomePod mini и AirTag, додека следната година се очекуваат нови iPad и MacBook Air модели, Studio Display, како и iPhone 17e.

