Комисијата бара од компаниите да достават информации за нивните системи за проверка на возраста, како и за тоа како ги спречуваат малолетниците да пристапат до нелегални производи.
Во согласност со овластувањата што ѝ ги дава Законот за дигитални услуги, Европската комисија покрена проверка на мерките за заштита на малолетниците на платформите Snapchat, YouTube, Apple App Store и Google Play.
Комисијата бара од компаниите да достават информации за нивните системи за проверка на возраста, како и за тоа како ги спречуваат малолетниците во пристапот до нелегални производи, вклучително и дроги и вейп уреди, или штетни содржини, како што се материјали кои промовираат нарушувања во исхраната.
„Денес, заедно со националните власти во земјите членки, проценуваме дали мерките што досега ги презедоа платформите навистина ги штитат децата,“ изјави Хена Виркунен, шефица на Комисијата за технологија.