Huawei во Кина го претстави својот најнов преклопен телефон Nova Flip S, кој претставува надградба на минатогодишниот модел Nova Flip.
Nova Flip S доаѓа во нови бои: Feather Black, White, Azure Blue, Green, Soft Pink и Star Black, како и со пониска почетна цена од 3.388 кинески јуани (околу 475 долари) за верзијата со 8/256 GB меморија, што го прави еден од најдостапните преклопни телефони на кинескиот пазар.
Телефонот е опремен со нов, сè уште неофицијално именуван Kirin 8 чипсет, за кој најновите гласини наведуваат дека се работи за Kirin 8030, додека претходниот модел користеше Kirin 8000.
Останатите спецификации се исти како кај неговиот претходник: 2,14-инчен OLED надворешен екран, главен 6,94-инчен LTPO OLED екран со FHD+ резолуција и освежување од 1–120Hz, како и батерија со капацитет од 4.400 mAh со поддршка за 66W жично полнење.
Камерата на телефонот вклучува 50MP главен сензор (1/1,56-инчен RYYB, f/1,9), 8MP ултраширока камера и 32MP предна камера. Nova Flip S доаѓа со HarmonyOS 5.1 оперативен систем и моментално е достапен за преднарачки во Кина.