Пристигнува Realme GT 8 Pro флегшип моделот со Ricoh GR камера, 200 MP перископ и поддршка за 4K 120 fps Dolby Vision
Realme се подготвува за претставување на својата нова премиум серија телефони – моделите Realme GT 8, а компанијата сега официјално ги потврди речиси сите детали за камерата на GT 8 Pro. Телефонот ќе има троен систем на камери, предводен од главен 50 MP Ricoh GR сензор. Главниот објектив користи 7P асферично леќe со високи карактеристики за пренос на светлина, петслоен ултра-ниско рефлектирачки премаз и двоен AR слој, со прилагоден сензор со големина од 1/1,56 инчи, отвор на бленда f/1.8 и оптичка стабилизација на слика (OIS).
Втората камера е 200 MP перископски телеобјектив со иста големина на сензорот и поддршка за OIS. Обезбедува 3x оптички зум, 6x–12x lossless зум и минимално растојание за фокусирање од само 25 см, што овозможува детални макро снимки. Третиот модул е 50 MP ултраширока камера со агол на гледање од 116° и отвор на бленда f/2.0.
Realme GT 8 Pro – врвна камера и врвни перформанси
Според Realme, GT 8 Pro овозможува снимање во 4K резолуција со 120 fps и Dolby Vision поддршка, како и 8K видео при 30 fps и 10-bit Log 4K 120fps режим за професионални корисници. Покрај тоа, уредот користи модуларен дизајн кој овозможува промена и прилагодување на модулите на камерата во различни стилови: квадратен, кружен или со „роботски“ изглед.
Според претходните информации, Realme GT 8 Pro ќе има 2K екран со стапка на освежување од 144 Hz и импресивна осветленост до 7000 нити, со DC dimming и напредна заштита на очите. Ќе го придвижува Snapdragon 8 Elite Gen 5 чипсет во комбинација со R1 процесор за контрола на екранот и до 16 GB RAM меморија.
Телефонот ќе работи на Realme UI 7.0 базиран на Android 16 и ќе има батерија од 7000 mAh со 120 W жично и 50 W безжично полнење. Дополнително, ќе располага со 3D ултразвучен сензор за отпечаток од прст и заден панел обложен со еко-кожа.
Со овој модел, Realme јасно ја покажува својата амбиција да влезе во самиот врв на пазарот на водечки паметни телефони, нудејќи комбинација од професионална камера, екстремни перформанси и футуристички дизајн.