Доколку Apple навистина го прескокне iPhone 19 и го претстави iPhone 20, тоа ќе потсети на лансирањето на iPhone X во 2017 година, кога беше одбележана 10-годишнината од iPhone и беше донесен првиот голем редизајн во неговата историја.
Според извештајот на аналитичарите од Omdia, Apple подготвува големо изненадување за 20-годишнината од iPhone, која ќе се одбележи во 2027 година. Наместо очекуваниот модел iPhone 19, компанијата би можела да прескокне еден број и да го лансира iPhone 20 со целосно нов дизајн.
Како што се спомнуваше уште оваа пролет, iPhone 20 наводно ќе донесе значајна визуелна промена што ќе постави темел за следните генерации на Apple телефони. Треба да има екран без рабови и заоблени линии кои ќе создаваат впечаток дека уредот е направен од едно парче стакло.

Таквиот пристап потсетува на iPhone X од 2017 година, кој ја одбележа 10-годишнината на iPhone и донесе прв голем редизајн во неговата историја. Тогаш беше отстрането копчето Home, беше воведен OLED екран од раб до раб и системот за препознавање лице Face ID, што значително го промени начинот на кој корисниците го доживуваат и користат iPhone.
Имајќи го тоа предвид, логично е да се заклучи дека Apple најверојатно повторно ќе ја искористи оваа јубилејна година за да воведе некои радикални промени.


