Според извештајот на The Information, компанијата OpenAI е заинтересирана за развој на алатка која би можела да генерира музика од текстуални и аудио инструкции, а соработувала и со студенти од музичкото училиште Juilliard School за да помогнат во создавањето на податоци за обука.
Компанијата замислува нешто што би можело да се користи за создавање гитарска придружба за вокална песна или за додавање музика на видеозаписи, изјавиле извори запознаени со проектот.
Засега нема информации колку далеку OpenAI напреднал со овие активности. Според еден извор кој разговарал со The Information, OpenAI ангажирал студенти од Juilliard School за да ги означуваат (анотираат) музичките партитури, што би можело да се користи за обука на вештачката интелигенција.

Ова не би било првпат компанијата да истражува вештачка интелигенција што создава музика — нешто што сè почесто го гледаме и кај други стартапи, како што се Suno и ElevenLabs, кои развиваат свои верзии на ваква технологија.
AI „спам“ веќе ги преплавува стриминг платформите.

