Аматер астроном аматер открил дека 170 сателити од тајната мрежа Starshield емитуваат необични сигнали во забранет радио-опсег, што предизвикува сомнежи и прашања за целта на проектот
Аматерски астроном од Канада открил чуден радио-сигнал што потекнува од тајната мрежа на сателити Starshield, која ја развива компанијата SpaceX во соработка со американската влада. Сигналот потекнува од фреквентниот опсег меѓу 2025 и 2110 MHz, кој е наменет исклучиво за комуникација од Земјата кон вселената, а не обратно.
Астрономот Скот Тили од Британска Колумбија, познат по следењето на сателити, го открил сигналот сосема случајно додека истражувал радио-бранови надвор од стандардниот опсег што го користат сателитите. Споредувајќи ги податоците со други набљудувачи, утврдил дека сигналот потекнува токму од сателитите Starshield, кои се дел од таен проект на американската Национална канцеларија за извидување (NRO).

Тајните сателити Starshield на SpaceX емитуваат чудни и забранети радио-бранови
SpaceX уште во 2021 година потпиша договор вреден 1,8 милијарди долари со неименувана американска агенција, за која подоцна се покажа дека е токму NRO. Според достапните информации, целта на проектот е изградба на мрежа од шпионски сателити кои делуваат како рој во ниска орбита и можат да снимаат речиси секој дел од планетата.
Досега се регистрирани 193 сателити, а дури 170 од нив емитуваат сигнали во спорниот S-опсег. Проблемот е во тоа што тој фреквентен опсег не е одобрен за пренос на податоци кон Земјата, па SpaceX би можел да биде обвинет за прекршување на меѓународните и националните прописи за радио-комуникација.

Шпионски трик или техничка импровизација?
Причината зошто сателитите го користат овој опсег не е позната. Тили смета дека тоа може да биде намерен обид за прикривање на активностите на системот Starshield, додека професорот Кевин Гифорд од Универзитетот во Колорадо претпоставува дека SpaceX можеби едноставно користи „помирен“ опсег за да избегне пречки, а дозволите ќе ги решава подоцна.
Доколку се потврди дека Starshield навистина користи опсег без меѓународна дозвола, тоа би можело да укаже на сериозен пропуст во координацијата меѓу вселенските агенции и комерцијалните оператори, што би отворило нови прашања за транспарентноста на сателитските мрежи и нивните вистински намери, пишува IFLScience.

