Контроверзниот милијардер Елон Маск вчера ја лансираше раната верзија на онлајн енциклопедијата напишана со помош на вештачка интелигенција, наречена Grokipedia.
Маск веќе подолг период најавуваше создавање на сервис кој, со помош на вештачка интелигенција, треба да стане конкурент на Wikipedia.
Визуелно, страницата потсетува на Википедија по стил и формат, иако бројот на содржини и теми сè уште е многу скромен во споредба со оригиналот. Во моментов, на почетната страница на Grokipedia стои дека се вчитани 885.000 статии, додека англиската верзија на Википедија има повеќе од 8 милиони.

Овој проект е најновиот обид на Маск да го искористи Grok, системот за вештачка интелигенција сличен на ChatGPT, развиен од неговата компанија xAI, со цел да понуди десничарски наратив кој, според него, е „цензуриран“ во САД.
Некои обожаватели на Маск во понеделник го поздравија дебито со воодушевување, додека критичарите укажаа на примери на статии што содржат невистини или пасуси кои буквално се копирани од Википедија.
По тестирањето на пребарувачот, голем број корисници пријавија дека многу настани се изменети, односно дека наведените извори не ги поддржуваат цитираните реченици.

Во делот за наводната работа на Маск во Министерството за војна на САД, Grokipedia направила грешка во врска со кандидатот за гувернер на Охајо Вивек Рамасвами, тврдејќи дека тој презел „позначајна улога“ по заминувањето на Маск во мај. Всушност, Рамасвами ја напуштил заедничката работна група пред таа да стане дел од администрацијата на Трамп во јануари.
За да ја поткрепи оваа лажна тврдење, Grokipedia цитирала статии од BBC и Al Jazeera, од кои ниту една не го спомнува Рамасвами.

