Според познат интернет дојавувач, претстојниот iPhone 17e на Apple би можел да ја добие Dynamic Island функцијата.
Инсајдерот познат како „Digital Chat Station“ ја сподели оваа информација на Weibo, во коментар на објава која се однесува на наводниот план на Apple да ги опреми следните iPhone 18 Pro модели со леќи со променлива бленда.
Dynamic Island е интерактивна, во форма на пилула, зона на горниот дел од екранот која прикажува тековни активности, вклучувајќи ја камерата и другите сензори од предната страна. Таа беше воведена како замена за т.н. „notch“ со iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max, а подоцна се прошири и на iPhone 15 и iPhone 15 Plus. Сепак, досега не се појавила на ниеден почетен (entry-level) модел на iPhone.
Ликерот додаде дека, и покрај присуството на Dynamic Island, iPhone 17e ќе задржи OLED екран со 60Hz освежување. Тоа значи дека уредот во суштина ќе користи ист панел како 6,1-инчните iPhone 15 и iPhone 16, што е логично бидејќи Apple кај почетните модели најчесто повторно користи малку постара технологија од другите уреди.

Ликерот, исто така, потврди дека уредот се очекува да биде лансиран во првата половина на 2026 година, најверојатно околу една година по појавувањето на iPhone 16e во февруари. Се предвидува дека ќе биде опремен со A19 чип, со неколку дополнителни подобрувања.

