Нов начин на заштеда на енергија во Google Maps ќе се активира со притискање на копчето за вклучување на уредот, по што целото интерфејс ќе се поедностави и ќе стане црно-бело. Google Maps е најпопуларната апликација за дигитални мапи и навигација. Меѓутоа, ако ја користите подолг период, таа може доста брзо да ја испразни батеријата на вашиот смартфон.Google ќе се обиде да го поправи тоа до одреден степен со специјален режим за заштеда на батерија, кој е во фаза на развој.
Во овој режим ќе се прикажуваат само клучни информации, како на пример следните свртувања. Google ќе ги отстрани сите бои од корисничкиот интерфејс, нудејќи едноставно монохроматско искуство. Поголемиот дел од текстот на самата мапа, вклучувајќи ги имињата на улиците, ќе исчезне.

Корисниците сѐ уште ќе го гледаат очекуваното време на пристигнување, растојанието и преостанатото време до дестинацијата во долниот дел од екранот. Интересно е што, според кодот на апликацијата, овој режим за заштеда на енергија ќе работи само кога телефонот е во вертикална ориентација.
Режимот за заштеда на енергија во Maps ќе работи за повеќето видови транспорт (одење, возење велосипед и возење автомобил).


