Компанијата продолжува со успешно работење и во третиот квартал на годината
Продолжува трендот на големи инвестиции во развој и модернизација на мрежата, раст во сите сегменти, зголемување на бројот на корисници и фокус на најдоброто корисничко искуство.
Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 6,1 проценти споредено со минатата година, а нето добивката бележи раст од 14,9 проценти. И приходите од продажба на крајот од првите девет месеци од 2025 година се зголемени за 1,6 проценти.
Како резултат на нашата посветеност на креирање и спроведување паметни решенија зголемени се и приходите од системската ИТ интеграција за дури 28,6 проценти.
Инвестиции и ширење на мрежата
Со стратешко инвестирање продолжуваме да ја шириме и модернизираме мрежата и да воведуваме нови технологии. Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот од третиот квартал од 2025 година изнесуваат 1.614 милиони денари, што е зголемување за 44,9% во споредба со истиот период од минатата година.
Нашата 5G мрежа е достапна за 97 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата.

