Главниот извршен директор на Apple, Тим Кук неодамна најави и дека персонализираниата и редизајнирана верзија Siri ќе биде објавена следната година. Новите функции се очекува да дебитираат на iPhone како дел од iOS 26.4 во март.
Кук исто така рече дека Apple прави добар напредок во однос на обновениот гласовен асистент. Тој го сподели овој коментар пред Apple да ги објави рекордните финансиски резултати за третото тримесечје од 2025 година.
Apple за првпат ги најави персонализираните Siri функции на својата конференција за развивачи WWDC минатата година. Сепак, во март беше објавено дека тие се одложени.

Новите можности ќе вклучуваат подобро разбирање на личниот контекст на корисникот, „screen awareness“ и подлабоки контроли за секоја апликација. Apple се соочува со повеќе колективни тужби поврзани со одложените функции.

