Компанијата планира целосно да ги замени традиционалните механички копчиња со напредни haptic (solid-state) копчиња, кои нема да имаат физичко движење, но ќе обезбедат реалистичен „клик“ преку вибрации и тактилен фидбек.
Според најновите информации од индустриски извори, Apple работи на значајна технолошка и дизајнерска револуција за 20-годишнината на iPhone, кој треба да се појави вио 2027 година. Компанијата планира целосно да ги замени традиционалните механички копчиња со напредни haptic (solid-state) копчиња, кои нема да имаат физичко движење, но ќе обезбедат реалистичен „клик“ преку вибрации и тактилен фидбек.
Овој пристап ќе претставува најголем редизајн на iPhone уште од iPhone X во 2017 година. Новите хаптички контроли ќе важат за сите физички копчиња на уредот — вклучувајќи го Side копчето, контролите за звук, Action копчето и копчето за камера.
Технологијата ќе овозможи препознавање на различна сила на притисок, што ќе отвори врата за нови функционалности и поинтуитивна интеракција со уредот. Целта на Apple е корисниците да имаат чувство како да користат вистински копчиња, иако тие нема да се движат физички.

Истовремено, Apple наводно развива дисплеј кој се извиткува по сите рабови, што би резултирало со уред без рамки и без физички отвори — изглед кој експертите го опишуваат како „телефон како стаклена плоча“.
Овој потег е дел од повторно активираниот интерен проект познат како „Project Bongo“, чија цел е да ја елиминира механичката абразија, да ја подобри издржливоста на уредите и да овозможи чист дизајн без компромиси.
Иако Apple не го коментира официјално проектот, најавите ја подгреваат возбудата за јубилејниот модел, кој потенцијално ќе постави нови стандарди во мобилниот дизајн и интеракција со уредите.

