Нови истражувања сугерираат дека загубената „нормална“ материја на вселената се крие во меѓугалактичкиот простор и е откриена со помош на брзи радио-блесоци.
Голем дел од вселената со децении беше мистерија. Астрономите знаеја дека постои темна материја – невидлива супстанца која сочинува околу една четвртина од вкупната маса на вселената и ги држи галаксиите заедно – но и „обичната“ материја делуваше делумно исчезната. Се испостави дека таа цело време се наоѓала во меѓугалактичкиот простор.
Според истражување предводено од Лиам Конор, професор по астрономија на Харвард, загубената материја не е во ѕвездите ниту во планетите, туку во таканаречениот меѓугалактички медиум – дифузен гас кој го исполнува просторот меѓу галаксиите и формира космичка мрежа.

Screenshot
Брзите радио-блесоци откриваат каде се крие исчезнатата материја на вселената
Научниците до ова откритие дошле преку проучување на брзи радио-блесоци (FRB) – кратки, но исклучително силни бранови на радио-енергија кои доаѓаат од извори оддалечени милијарди светлосни години. Анализирајќи го начинот на кој овие сигнали се забавуваат додека поминуваат низ меѓугалактичкиот простор, истражувачите успеале да ја пресметаат густината на обичната материја во вселената.
Откриено е дека најголемиот дел од таа материја се наоѓа надвор од галактичките хало-структури, што укажува дека процесот на формирање на галаксиите „изфрла“ материја во околниот простор. Овој ефект, познат како космички „feedback“, објаснува како материјата рамномерно се распоредува низ вселената.

Откритието има огромно значење за космологијата, затоа што прецизното мапирање на обичната материја им помага на идните мисии како телескопите Nancy Grace Roman и Euclid попрецизно да ги толкуваат податоците за структурата и ширењето на вселената, пишува BBC.

