Motorola Edge 70 донесува невообичаено голема батерија во ултратенко куќиште од само 5,99 mm, со премиум изработка и долгорочна софтверска поддршка.
Motorola официјално го лансираше новиот Edge 70 на европскиот пазар, таргетирајќи го сегментот на ултратенки телефони каде моментално доминираат iPhone Air и Samsung Galaxy S25 Edge. За разлика од конкурентите кои правеа компромиси со батеријата, Motorola се обидува да ги промени правилата на играта со модел кој спојува екстремно тенок профил и голема батерија.
Edge 70 е дебел само 5,99 mm и тежи 159 грама, но во него се наоѓа батерија од 4.800 mAh изработена врз основа на силициум-јаглеродна технологија — капацитет што ретко се гледа во телефони од оваа класа. Дополнително, куќиштето е изработено од алуминиум кој се користи во авио-индустријата, екранот е заштитен со Gorilla Glass 7i, а задната страна има уникатна најлонска текстура.

Motorola влегува во битката за ултратенки телефони со моделот Edge 70
Телефонот има IP69 сертификат за отпорност на вода и прашина и исполнува MIL-STD 810H воен стандард, што го прави еден од најиздржливите ултратенки уреди на пазарот. Достапен е во три Pantone сертифицирани бои: Lilly Pad, Gadget Grey и Bronze Green.
Под „хаубата“, Edge 70 го користи Snapdragon 7 Gen 4 чипсетот спарен со 12 GB LPDDR5X RAM и 512 GB простор за податоци. Екранот е 6,67-инчен pOLED со резолуција 2712 x 1220 пиксели, стапка на освежување од 120 Hz и максимална светлина од 4500 нити.

Камерата е целосно тростепен систем: главен сензор од 50 MP со оптичка стабилизација, ултраширок сенсор исто така од 50 MP со макро функција, и предна камера од 50 MP. Motorola ветува 4 големи Android надградби и 6 години безбедносни ажурирања, а телефонот пристигнува со Android 16.
Цената во Европа изнесува 799 евра (или 699 фунти), што го позиционира директно под сличните водечки премиум модели на пазарот.

Со овој уред Motorola презеде голем ризик бидејќи ултратенките модели моментално бележат пад на побарувачката, а според Nikkei Asia, продажбата на iPhone Air моделите е слаба поради ограничувања во батеријата. Motorola верува дека ја нашла вистинската мера: уред тенок како футуристички концепт, но со батерија што ги исполнува очекувањата, пишува Notebookcheck.
