Минатата недела Samsung го прикажа својот прв смартфон со двојно преклопен дисплеј. Сега сме сведоци и на видео кое открива повеќе детали за наводниот Galaxy Z TriFold.
Се наведува дека надворешниот дисплеј е со дијагонала од 6,5 инчи, додека преклопниот е 10 инчи. Како што се очекуваше, двете странични делови се преклопуваат кон внатре, при што го штитат дисплејот.

За споредба, единствениот друг телефон со двојно преклоплив дисплеј, Huawei Mate XT Ultimate, има еден екран кој се користи и како надворешен и како преклоплив дисплеј. Тоа значи дека од двете преклопливи секции на телефонот, едната се преклопува навнатре, а другата нанадвор.
И двата дисплеја на Galaxy Z TriFold изгледаат со подебели рамки во споредба со оние на Galaxy Z Fold7. Едната од двете шарки на телефонот има пократок радиус, а другата – подолг, бидејќи треба да ја смести првата преклоплива секција.
Кога е расклопен, Galaxy Z TriFold изгледа потенок од Galaxy Z Fold7, а кога е преклопен, изгледа малку подебел од Galaxy Z Fold7. Уредот може да ја има и истата главна камера.

