Huawei Mate 70 Air официјално беше претставен во Кина и на тој начин стана најновиот паметен телефон кој му се придружи на Air трендот на тенки и лесни премиум мобилни уреди.
Телефонот доаѓа со голем 7-инчен екран и куќиште дебело само 6,6 mm. Неговиот AMOLED екран поддржува брзина на освежување од 120 Hz, додека резолуцијата изнесува 2.760 x 1.320 пиксели.
И покрај малата дебелина од 6,6 mm, телефонот располага со батерија со капацитет од 6.500 mAh и поддршка за 66W жично полнење. Тежи 208 грама и е отпорен на вода и прав според IP68/IP69 стандардот.

Достапен е со два процесора, во зависност од RAM меморијата. Верзијата со 12 GB RAM ја придвижува процесорот Kirin 9020A, додека моделот со 16 GB RAM користи Kirin 9020B процесор.
На задната страна Mate 70 Air има главна широка камера од 50 MP со бленда f/1.8 и оптичка стабилизација на слика, 12 MP RYYB телефото камера со 3x оптички зум и OIS, како и 8 MP ултраширока камера и 1,5 MP сензор за боја.

За селфи фотографии и видео повици е поставена предна камера од 10,7 MP.
Смартфонот користи HarmonyOS 5.1 и нуди неколку AI функции. Останатите спецификации вклучуваат страничен сензор за отпечаток од прст, Wi-Fi 7, Bluetooth 5.2 LE, Hi-Res аудио, Beidou сателитска комуникација, NFC и реверзибилно жично полнење од 5W.
Huawei Mate 70 Air е достапен во златна, сребрена, бела и црна боја. Во моментов може да се купи во Кина преку официјалната онлајн продавница на Huawei.

Цената на моделот со конфигурација 12GB/256GB изнесува 590 долари, додека верзијата со 12GB/512GB чини 660 долари. Huawei Mate 70 Air во варијантата со 16GB/256GB има цена од 660 долари, а за моделот со 16GB/512GB потребно е да се издвојат 730 долари.

