Заменливиот модул на камерата кај GT 8 Pro е прицврстен со два завртки, што им овозможува на корисниците лесно да експериментираат со различни форми и бои.
Realme минатиот месец во Кина официјално го претстави својот нов flagship мобилен телефон — GT 8 Pro, чиј модул на камерата може да се менува според потребите и желбите на корисниците. Иако на кинеското претставување не открија многу детали, компанијата сега, во пресрет на глобалната премиера, сподели повеќе интересни информации за овој дизајнерски пристап.
Од Realme нагласуваат дека модулот на камерата е прицврстен со два завртки, што им овозможува на корисниците лесно да експериментираат со различни форми и бои, а оние со повеќе вештини можат дури и да изработат сопствени дизајни со помош на 3D печатач. Најспецифичниот изглед е т.н. „роботски“, за кој Realme вели дека под капакот на леќата користи суптилни контрастни бои за дополнителен визуелен ефект.

Важно е да се напомене дека оваа функција не го менува хардверот на камерата, туку само изгледот на модулот.
„Заменливиот модул на камерата е храбар и поинаков потег. Тој носи задоволство од рачната изработка и слобода на комбинирање — како составување коцки. Ова не е само функција, туку нашиот план за редизајн на flagship телефоните,“ изјави потпретседателот на Realme.
Освен заменливиот модул на камерата, од Realme истакнуваат дека сината варијанта на GT 8 Pro, наречена Urban Blue, има текстура на задната страна која потсетува на хартија. Realme за ова користел нов процес на изработка кој комбинира рециклирана пластика и ткаенина, а задниот капак содржи и органски бои и органски силиконски премаз нанесен со распрскување, со прецизно гравирање со дебелина од само 0,02 mm.
Што се однесува до спецификациите на глобалниот модел, од Realme потврдија дека ќе ги има истите клучни карактеристики како и кинеската верзија — вклучувајќи батерија од 7.000 mAh со 120-ватно жично и 50-ватно безжично полнење. Точниот датум на глобалното претставување сè уште не е објавен, а дотогаш можете да го прочитате нашиот текст за овој телефон во рубриката „Претставувања“.

