Galaxy Z Fold8 носи поголем напредок од претходникот: враќање на S Pen пенкалото, батерија поголема од 5000 mAh и нова технологија што го елиминира видливиот преклоп на екранот.
Samsung со моделот Galaxy Z Fold7 постигна одлични продажни резултати благодарение на потенкиот и полесен дизајн, но следната генерација – Galaxy Z Fold8 преклопниот телефон – носи уште поголеми промени.
Според информациите што ги пренесува јужнокорејскиот DealSite, Galaxy Z Fold8 ќе биде еден од најважните Samsung телефони во 2026 година, со три главни унапредувања.
Три клучни промени што ќе го обележат Galaxy Z Fold8
Прво, компанијата планира враќање на S Pen пенкалото, кое недостасуваше кај моделот Fold7. Новата верзија треба да понуди уште подобро чувство при пишување и цртање, со поголема прецизност и подобра интеграција со системските алатки.

Второ, Fold8 ќе користи нова технологија за изработка на металната конструкција наречена „laser-drilled plate“, слична на онаа што наводно се користи кај преклопливиот iPhone. Оваа технологија треба драстично да ја намали видливоста на преклопот на екранот – еден од најголемите недостатоци на флексибилните телефони.
Трето, батеријата конечно ќе добие значително унапредување – од 4400 mAh на повеќе од 5000 mAh, со што ќе се реши проблемот со послабата автономија кај претходните генерации.
Пазарот на флексибилни телефони станува сè поконкурентен: покрај Samsung Fold серијата, присутни се и vivo X Fold серијата, Google Pixel 10 Pro Fold со Gemini AI функции, како и motorola Razr 60 серијата кај помалите модели. Сепак, доколку Apple го одложи лансирањето на својот преклоплив iPhone до 2026 година, Samsung би можел дополнително да ја зацврсти својата лидерска позиција на овој дел од пазарот.


