Поради доцнењето на моделот iPhone Air 2, Apple би можел во есента 2026 година да претстави само три iPhone уреди: iPhone 18 Pro, iPhone 18 Pro Max и новиот iPhone Fold. Еве што тоа значи за корисниците и за компанијата.
По долг период во кој iPhone моделите изгледаа речиси идентично од година во година, Apple оваа есен внесе промена во серијата со претставувањето на моделот iPhone Air, кој го замени досегашниот iPhone Plus. Сепак, доколку извештаите се точни, следната генерација iPhone 18 би можела да донесе уште подрастична промена во стратегијата на Apple.

Според информациите на порталот The Information, кои ги пренесува порталот 9to5 Mac, компанијата се соочила со одложување на моделот iPhone Air 2, кој првично требало да биде дел од есенската понуда за 2026 година. Имено, Apple наводно одлучил да го унапреди уредот со додавање на втора задна камера, што довело до поместување на излегувањето на пролет 2027 година.
Оваа промена создава невообичаена ситуација: доколку планот не се промени, есенската понуда на iPhone уреди за 2026 година би можела да вклучи само три модели – iPhone 18 Pro, iPhone 18 Pro Max и iPhone Fold. Тоа би била првата есен во која Apple нема да има стандардeн базен модел во понудата.

Таквата поставеност предизвикува неколку проблеми. Прво, влезната цена би била значително повисока од вообичаените 799 долари, бидејќи најевтиниот модел би бил iPhone 18 Pro, со цена од околу 1.099 долари. Второ, iPhone Fold, иако привлечен како целосно нов и преклоплив уред, нема да биде модел за масовна продажба, барем не во првата генерација. Тоа би значело дека Apple практично би имал само два „конвенционални“ моделиво продажба, што би можело значително да влијае врз продажните резултати.
Доколку Apple не се одлучи да го забрза развојот на основниот iPhone 18 модел и да го помести неговото лансирање на есен, компанијата ќе се соочи со предизвик да ја задржи продажбата и интересот на корисницитеза време на најважната продажна сезона во годината.

Од друга страна, ако Apple сепак реши да ги забрза плановите и го претстави iPhone 18 уште во есента 2026, понудата би се вратила во вообичаениот ритам и повторно би вклучувала четири модели, што би го ублажило потенцијалниот удар врз продажбата.
Како и да биде, јасно е дека Apple се наоѓа на раскрсница меѓу иновацијата и пазарната реалност. Доколку навистина се покаже дека есента 2026 ќе донесе само три iPhone модели, тоа би можело да биде најнеобичната и најризичната есен за Apple во последните десет години.


