Популарноста на преклопните телефони во Кина е во постојан пораст, а целиот пазар убедливо го предводи Huawei со речиси 70 проценти удел во тој сегмент.
Според најновиот извештај на аналитичката куќа IDC, Huawei и понатаму убедливо е лидер на кинескиот пазар на преклопни телефони. Во првите девет месеци од 2025 година, компанијата остварила 68,9 проценти пазарен удел, со што ја зацврстила својата позиција далеку пред конкуренцијата.
На второ место се наоѓа Honor со удел од 11,2 проценти, а потоа следуваат Vivo со 5 проценти, Oppo со 4,9 проценти и Samsung со 4,3 проценти. Интересно е што Samsung, и покрај многу мал удел во вкупната продажба на телефони во Кина, сепак успеал да се пробие меѓу петте најуспешни брендови на преклопни уреди, главно благодарение на популарноста на моделот Galaxy Z Fold 7.

Понатаму, податоците покажуваат дека во третиот квартал од оваа година кинескиот пазар на преклопни телефони достигнал 2,63 милиони испораки, што претставува раст од 17,8 проценти во однос на истиот период во 2024 година. Во првите девет месеци биле испорачани вкупно 7,62 милиони уреди, односно 14,3 проценти повеќеотколку минатата година.
Според проценките на IDC, до крајот на 2025 година во Кина ќе бидат испорачани речиси 10 милиони преклопни телефони. Аналитичарите додаваат дека овој сегмент во Кина брзо се претвора од нишов пазар во мејнстрим, поттикнат од напредокот во дизајнот, потените куќишта и полесните нови генерации на преклопни модели.



