За време на својата презентација State of Play Japan, Sony претстави нов хардвер. Покрај обновеното дигитално издание на конзолата PlayStation 5, кое ќе биде достапно само во Јапонија, компанијата го претстави и официјалниот PlayStation монитор, на кој може да се поврзе и компјутер.
Станува збор за 27-инчен QHD екран со фреквенција на освежување од 240Hz, како и поддршка за HDR и променлива фреквенција на освежување. Сепак, при играње игри на PS5 конзолата, фреквенцијата е ограничена на 120Hz.
Дополнително, мониторот има приклучок за полнење. Тој се наоѓа на задната страна на екранот, од каде што се спушта држач на кој може да се постави DualSense контролерот, за да биде подготвен за играње во секој момент. Мониторот ќе биде достапен во САД и Јапонија следната година, но Sony сè уште не открил точно кога и по која цена.

Мониторот доаѓа по најавата на Pulse Elevate преносните десктоп звучници, кои Sony ги претстави во септември. Тој е компатибилен со PC, Mac, PlayStation 5 и PlayStation Portal, а на пазарот се очекува да пристигне во 2026 година.
Се чини дека новиот хардвер е дел од настојувањата на компанијата да стане поголем играч во светот на PC игрите. На пример, неодамна Sony овозможи спарување на DualSense контролерот со повеќе уреди истовремено, што го олеснува префрлањето на врската од PS5 конзолата на компјутер и обратно.


