Spotify ја лансираше новата функција за Android корисници, која овозможува споделување песни, подкасти и албуми директно на WhatsApp статус. Приказот вклучува аудио исечок и линк за отворање во апликацијата.
Популарниот сервис за стриминг музика Spotify најави нова функција која ќе ги израдува корисниците на Android. Според објавата на нивниот официјален блог, од оваа недела се воведува можност за споделување музика и друга аудио содржина директно на WhatsApp статус, која останува видлив 24 часа.
Оваа функционалност е многу слична на онаа што веќе постои за Instagram и Facebook, каде што корисниците можат лесно да споделуваат песни со своите следбеници. Шведската компанија сега ја проширува таа можност и на најпопуларната апликација за допишување во светот, овозможувајќи им на корисниците да споделуваат сè што во моментот слушаат – од песни и плејлисти до подкасти, албуми и аудиокниги.
Процесот на споделување е исклучително едноставен. Доволно е да се кликне на опцијата „Сподели“ (Share) покрај песната или плејлистата во апликацијата Spotify и да се избере WhatsApp. Статусот потоа ќе ја прикаже насловната страница на албумот, името на песната и изведувачот, со додаток „Отвори на Spotify“ (Open on Spotify), што им овозможува на гледачите со еден клик да го отворат содржајот во својата апликација. Дополнително, гледачите ќе можат да слушнат краток аудио исечок од 15 секунди за да добијат впечаток од песната.

Новата функција е достапна глобално за сите корисници, без разлика дали користат бесплатна или Premium верзија на Spotify, а треба да се појави во менито за споделување во текот на следните неколку недели.
Истовремено, подобрена е и постојната интеграција со Instagram. Гледачите на Instagram Stories сега исто така можат да слушнат краток аудио исечок од споделената песна. Покрај тоа, корисниците на Instagram сега можат во реално време да споделуваат што слушаат преку опцијата Notes. Spotify исто така соработува со TikTok и Snapchat за воведување слични можности за споделување музика и подкасти.
„Ова е беспрекорен начин да ги прикажете вашите најнови опсесии или безвременски фаворити, додека истовремено следите што откриваат вашите пријатели,“ порачаа од Spotify. Со интеграцијата на клучните социјални платформи, Spotify ја зацврстува својата позиција како централно место за слушање и споделување аудио-содржини.


