Intel и NVIDIA ги здружуваат силите на целосно нова класа процесори, кои најпрво ќе пристигнат во премиум сегментот, а потоа и во поевтините модели.
Потпретседателот на Intel, Џон Питсер, потврди на конференцијата RBC Global Technology дека Intel и NVIDIA работат на целосно нова категорија процесори во кои GeForce RTX GPU јадрото ќе биде интегрирано како одвоен модул внатре во SoC решенијата на Intel.
Според него, Intel го обезбедува главниот SoC дизајн со процесорските јадра, додека NVIDIA го испорачува самиот RTX графички модул. OEM-производителите ќе го плаќаат тој GPU дел од силициумот директно на NVIDIA, додека Intel ќе биде задолжен за интеграцијата и испораката на финалниот процесор.
Intel и NVIDIA развиваат нова генерација хибридни CPU-GGPU чипови
Овој модел овозможува производителите на лаптопи да изберат колку моќно RTX графичко јадро им е потребно: од посилни RTX конфигурации за гејминг и креирање содржини, па сè до поскромни графички решенија за подостапни уреди.

Screenshot
Првите чипови ќе бидат наменети за модели од високата класа, за да се постигне ниво на графички перформанси какво досега ниту еден интегриран GPU не можел да понуди. Но целта е новата архитектура постепено да се спушти во понискиот ценовен сегмент и да го прошири пазарот.
Питсер нагласува дека Intel гледа „голема шанса оваа технологија со текот на времето да пристигне и во поевтините уреди“, со што лаптопите од пристапниот сегмент конечно би можеле да понудат солидни RTX перформанси без потреба од дискретна графичка картичка.
Иако оваа соработка отвора целосно нова категорија PC-уреди и производи, Intel и NVIDIA ги задржуваат своите независни развојни правци, бидејќи проектот се гледа како паралелна, дополнителна линија што таргетира нов пазар, а не како замена за постојните производи на двете компании.
Новата ера на хибридни CPU-GPU чипови би можела сериозно да го промени начинот на кој ќе изгледаат идните лаптопи, особено во сегментот каде досега доминираа интегрираните графички решенија со скромни можности.


