Honor 500 и 500 Pro донесуваат нов дизајн, Snapdragon чипови и батерии од 8.000 mAh, заедно со IP68 и IP69K заштита.
Honor официјално ја претстави серијата 500 во Кина, а новата генерација донесува забележливи промени во изгледот кои потсетуваат на iPhone Air, пред сè поради нагласената задната камера на подигнат дел.
Иако ниту еден од новите модели не е тенок и лесен како споменатиот iPhone, двата телефони нудат моќни камери, алуминиумска рамка, стаклена задница и издржливост со целосна IP68 и IP69K заштита. Телефоните се дебели 7,8 mm и тежат 198, односно 201 грама.

Honor носи голем скок во дизајнот и спецификациите со моделите 500 и 500 Pro
Honor 500 и 500 Pro користат 6,55-инчни LTPO OLED екрани со резолуција 1.264 × 2.736 пиксели, освежување од 120 Hz и максимална локална осветленост од дури 6.000 нити. Двата модела имаат скенер за отпечатоци под екранот и предна камера од 50 MP. Поголемите разлики се во чипсетот и задните камери, каде што 500 Pro има предност благодарение на платформата Snapdragon 8 Elite со до 16 GB RAM и до 1 TB складиште. Основниот Honor 500 користи Snapdragon 8s Gen 4.
На задната страна на двата модела се наоѓа главна камера од 200 MP со сензор од 1/1,4 инчи и ултраширока камера од 12 MP. Honor 500 Pro дополнително носи и телефото камера од 50 MP со троен оптички зум. Серијата работи на MagicOS 10 заснован на Android 16 и е опремена со силициум-карбонски батерии од 8.000 mAh, со 80 W полнење преку кабел. Pro моделот нуди и 50 W безжично полнење, додека двата телефона поддржуваат 27 W обратно жично полнење.

Honor 500 и 500 Pro се достапни во нијанси Aquamarine, Starlight Powder, Moonlight Silver и Obsidian Black. Телефоните веќе се во претпродажба, а првите испораки започнуваат на 27 ноември.


