Новото ограничување предизвикува забуна кај корисниците, додека Instagram сè уште молчи за причините.
Instagram очигледно прави нешто чудно со хаштазите, бидејќи сè повеќе корисници почнуваат да добиваат известување кога ќе се обидат да додадат повеќе од три во својата објава. Тоа известување во основа укажува дека е можно да се користат само три хаштази по објава.
Ова ново ограничување не е официјално најавено од Instagram и изгледа дека сè уште не е стигнато до сите, па затоа или станува збор за нова „функција“ што наскоро доаѓа и полека се имплементира за сите профили на социјалната мрежа, или пак е само тест што се спроведува за ограничен број корисници. Ако е тест, зависно од тоа какви резултати компанијата ги бара, може — а и не мора — да стане нов „закон“ во иднина.

Доколку сте меѓу оние кои сакаат да ставаат многу различни хаштагови во своите објави на Инстаграм или се сеќавате на старите добри времиња кога хаштаговите беа начин да се откријат интересни профили, кога Инстаграм беше фокусиран на споделување фотографии, а не на реклами и инфлуенсерски маркетинг — многу е можно дека на тоа му доаѓа крај.
Бидејќи Instagram сè уште се нема оглаасено официјално, нема ни официјално образложение за ваквиот потег. Можно е дека во компанијата едноставно сметаат дека мора да се борат против спамот со хаштагови.



