Роверот Perseverance на NASA сними знаци на електрична активност на Црвената планета
Научниците веруваат дека првпат забележале траги од електрична активност во атмосферата на Марс. Ровeрот Perseverance на NASA, кој слета на Марс во 2021 година и последните четири години го истражува подрачјето на кратерот Језеро на северната хемисфера, сега – врз основа на аудио и електромагнетни снимки направени со неговиот инструмент SuperCam – регистрирал електрично празнење. Бидејќи ова е прва документирана електрична активност во атмосферата на Марс, научниците се надеваат дека почувствителни камери и нови инструменти за мерење на атмосферски празнења во иднина ќе можат да го потврдат откритието.
Истражувачки тим од Франција анализирал 28 часа микрофонски снимки што ровeрот на NASA ги забележал во текот на две марсовски години (1374 земјени дена) и утврдил дека електричното празнење е поврзано првенствено со прашливи вртлози и со предните рабови на прашинските бури. Прашливите вртлози се мали воздушни вртлози што настануваат кога топол воздух се издигнува од површината, а нивните внатрешни движења можат да преминат во електрично празнење. За време на два блиски средби на Perseverance со вакви вртлози биле забележани вкупно 16 празнења.

Водечкиот автор на истражувањето, Батист Шид, и други научници од Институтот за истражување на астрофизика и планетологија во Франција сметаат дека Марс сега се придружува на Земјата, Сатурн и Јупитер – планети за кои е познато дека имаат атмосферска електрична активност. Сепак, не е исклучено дека и други тела во Сончевиот систем, вклучувајќи ја Венера, Уран и месечината на Сатурн, Титан, може да имаат слични карактеристики.
Иако снимките нудат убедливи докази за празнења предизвикани од прашина, фактот што празнењата се првенствено звучни остава простор за сомнеж дали навистина се работи за марсовска молња. Дополнително, коавторот на студијата, Ралф Лоренц од Лабораторијата за примењена физика при Универзитетот Џонс Хопкинс во Мериленд, истакнува дека не станува збор за вообичаена молња, туку повеќе за мини–молња или искра. Две орбитирачки летала на Марс претходно детектирале чести вртлози кои подигаат прашина, а токму нивната внатрешна динамика предизвикува електрично празнење. Феноменот настанува поради триење на зрнцата прашина во атмосферата, што доведува до акумулација на електрони, а потоа и до нивно ослободување како електрични лакови долги само неколку сантиметри, проследени со ударни звучни бранови.
Електричното празнење претставува големо откритие со директни импликации за хемијата на марсовската атмосфера, но научниците нагласуваат дека, имајќи ја предвид историјата на оваа област, расправата веројатно ќе продолжи уште некое време.

