По неколку недели најави, OnePlus официјално го лансираше смартфонот Ace 6T во Кина, кој ќе биде достапен и на глобалниот пазар.
Ова е првиот смартфон што го користи неодамна најавениот процесор Snapdragon 8 Gen 5. Во моментов може да се нарача во Кина, а се очекува глобално да биде претставен како OnePlus 15R.
OnePlus Ace 6T доаѓа со 6,83-инчен AMOLED екран, кој нуди стапка на освежување до 165Hz, 1.800 нити во режим на висока осветленост и резолуција од 1,5K. Панелот поддржува DC затемнување, Dolby Vision, HDR10+ и е заштитен со Oppo Crystal Shield Glass.
Го придвижува споменатиот процесор Snapdragon 8 Gen 5, спарен со самостојно развиениот G2 мрежен чип и посебен чип за екранот. Телефонот може да се конфигурира со до 1 TB UFS 4.1 меморија и 16 GB LPDDR5X RAM.

Screenshot
Ace 6T има комора за испарување која овозможува подобрено одведување на топлината во споредба со постариот модел. OnePlus тврди дека поддржува 165 fps во неколку игри и изворна поддршка за 144 fps во играта „Honor of Kings“.
На задната страна на OnePlus Ace 6T се наоѓа двојна камера со главен 50 MP Sony IMX906 сензор со оптичка стабилизација на сликата и 8 MP ултраширока камера. За селфи и видеоповици, телефонот има 16 MP камера.
OnePlus во Ace 6T вградил голема батерија од 8.300 mAh, која поддржува брзо жично полнење од 100W.
Останатите спецификации на телефонот вклучуваат ултразвучен скенер за отпечатоци под екранот, IP66/68/69/69K сертификат, стерео звучници, инфрацрвен сензор, Bluetooth 6.0, USB-C 2.0 порт и Wi-Fi 7. Телефонот работи на Android 16, над кој е ColorOS 16.
Уредот е достапен во Phantom зелена, Electric виолетова и Flash црна боја. Тука е и Genshin Impact Kamisato Ayaka Limited Edition, кој доаѓа во Snowy сина боја и колекционерско пакување со неколку додатоци.
Цената започнува од 365 долари за опцијата 12GB/256GB, додека варијантите 16GB/256GB и 12GB/512GB чинат 410 и 440 долари. За моделот со 16GB/512GB треба да се издвојат 480 долари, додека опцијата 16GB/1TB се продава за 550 долари. Genshin Impact Kamisato Ayaka Limited Edition доаѓа во конфигурација 16GB/512GB и чини 525 долари.

