Македонскиот ПОС стартап Thinker POS, веќе успешно активен на зрели европски пазари како Холандија и Германија, го донесе својот модерен Ecash систем на домашниот пазар.
Целта е да се модернизира македонското угостителство и да се отворат нови можности за раст и вработување во ИТ секторот.
Со ова, тимот зад Thinker POS има јасна амбиција да го модернизира домашното угостителство преку технологија која не само што го олеснува секојдневното работење на рестораните, кафулињата и баровите, туку создава и нови работни места во ИТ и техничкиот сектор.
Кои се Thinker POS и што нудат?
Thinker POS е македонски ИТ стартап специјализиран за ПОС (Point-of-Sale) решенија за угостителството. Нивниот главен производ, Ecash, е модерен ПОС систем развиен за ресторани, барови, кафулиња и објекти со повеќе локации.
„Нашата основна филозофија е да го модернизираме угостителството и да донесеме напредни ИТ решенија дома,” вели Виктор Николовски, извршен директор на Thinker POS.

„Со Thinker POS им овозможуваме на угостителите полесна контрола, поголема ефикасност и донесување точни и навремени одлуки кои го поттикнуваат растот и успехот на нивниот бизнис.”
Ecash како ПОС систем овозможува брзо внесување и обработка на нарачки, јасен приказ на маси и сметки, детална контрола на залихите и интеграции со терминали за наплата и сервиси за достава на храна.
Од Холандија и Германија – назад дома
„Нашиот продукт веќе успешно е присутен на поголеми пазари како Холандија и Германија. Но, сепак Македонија е нашиот дом и како што секогаш сакаме да го донесеме дома она што ни се допаѓа, така одлучивме и нашето решение Ecash да го донесеме токму тука, таму каде што најмногу ни значи да го видиме во употреба,” вели Николовски.
Со пласманот на домашниот пазар, Thinker POS веќе отвора нови работни места за амбициозни луѓе, нудејќи средина која поттикнува постојан кариерен раст и професионален развој.

Иднината: Ecash AI Waiter и целосна дигитализација
Thinker POS активно работи на идни решенија како Ecash AI Waiter – интелигентен виртуелен асистент интегриран во дигиталното мени.
Овој асистент ќе го презентира објектот, ќе препорачува производи според преференциите на гостите и ќе го надополни искуството со дигитализацијата.
Визијата на Thinker POS за иднината на угостителството е без принтери, без печатени картички за лојалност и без готовина, но со задржан уникатен дух и атмосфера на локалите.

„Makes it easy”: лесна адаптација и силна поддршка
Мотото на компанијата е „Makes it easy”, што се рефлектира во интуитивноста на Ecash системот и силната поддршка. Тимот на Thinker POS е достапен во секое време за директна поддршка и обуки, помагајќи им на угостителите да воведат строга контрола на залихите и да го оптимизираат работењето.
„Не се гледаме само како добавувач на софтвер, туку како партнер на угостителите, без разлика дали станува збор за мало кафуле или за голем ресторан со повеќе сали,” вели Николовски. „Нашата цел е секој локал, од мала соседска кафеана до врвен ресторан, да има партнер кој стои зад него со технологија, знаење и поддршка.”
