Со донација на нова компјутерска опрема за учениците од ДУЦОР „Партенија Зографски“ во Скопје, Халкбанк АД Скопје реализираше активност насочена кон унапредувањена наставата и поддршка на децата со посебни образовни потреби. Опремата е наменета за полесен пристап додигитални едукативни содржини, интерактивни програми и современи алатки што го поттикнуваат индивидуалниот развој.
Донацијата беше предадена во просториите на училиштето, во присуство на претставници на Халкбанк и претседателот на СОНК, што дополнително ја нагласи важноста на заедничката поддршка за унапредување на образовниот процес. Присутните имаа можност да се запознаат со секојдневните предизвици и потреби на учениците и наставниците, како и со значењето што новата опрема ќе го има во создавањето пофункционална и поинклузивна наставна средина.

„Во Халкбанк веруваме дека секое дете заслужува еднакваможност да учи и да расте, а технологијата може дабиде клучниот елемент што ги отвора тие можности. Со оваа донација сакаме да придонесеме кон поинклузивно училишно опкружување и да им дадеме поддршка на наставниците кои секојдневно работат со исклучителна посветеност. Нашата соработка ќе продолжи и во 2026 година, затоа што вложувањето во развојот на младитее вложување во заедничката иднина“ – истакнуваат од Банката.

Халкбанк останува посветена на иницијативи што создаваатдолгорочна општествена вредност и реално ја унапредуваат заедницата. Преку ваквите проекти, Банката продолжува дагради средина во која секое дете ќе има услови данапредува, да добие поддршка и да ја почувствува важноста на својот потенцијал.

