Доколку им се верува на неофицијалните информации, наследникот на Galaxy Watch Ultra ќе биде претставен во летото 2026 година, заедно со серијата Galaxy Watch 9.
Samsung го претстави Galaxy Watch Ultra во 2024 година, а потоа оваа година го освежи со нова боја и поголем простор за складирање. Бидејќи јужнокорејската компанија секоја година издава нови генерации паметни часовници, некои корисници веќе со месеци се прашуваат кога може да се очекува вистинскиот наследник на Galaxy Watch Ultra.
Според изворите пренесени од холандскиот GalaxyClub, Galaxy Watch Ultra 2 наводно ќе биде претставен во летото 2026 година. Samsung ќе го претстави заедно со серијата Galaxy Watch 9, а тоа најверојатно ќе биде во исто време кога ќе бидат претставени и новите преклопни телефони на компанијата, околу јули.

Интересно е и тоа што новиот часовник внатрешно во Samsung се води како Galaxy Watch 9 Ultra, но првиот Galaxy Watch Ultra, кој беше претставен заедно со Galaxy Watch 7, внатрешно беше означен како Galaxy Watch 7 Ultra, па затоа ова многу веројатно не значи ребрендирање.


