Глобалната испорака на преклопни телефони порасна за 14% во третиот квартал од 2025 година, а Samsung и понатаму држи 64% од пазарот.
Преклопните телефони не ја губат својата популарност – напротив. Најновиот извештај на Counterpoint Research за третиот квартал од 2025 година покажува дека глобалната испорака на овие уреди пораснала за 14% во однос на истиот период минатата година и го достигнала највисокото ниво досега забележано во еден квартал. Учeството на преклопните модели во вкупниот пазар на паметни телефони сега изнесува 2,5% и продолжува стабилно да расте.
Главен носител на растот повторно е Samsung, благодарение на силната побарувачка за моделот Galaxy Z Fold7. Huawei, исто така, бележи силен замав, бидејќи „book-style“ големите преклопни телефони остануваат најбараниот сегмент.

Пазарот на преклопни телефони руши рекорди и продолжува силно да расте.
Во категоријата на малите „флип“ модели оваа сезона доминира Motorola, благодарение на пониската цена, посилната дистрибуција и позитивното корисничко искуство.
Топ шест брендови во глобалниот преклопен сегмент се распределени вака: Samsung (64%), Huawei (15%), Motorola (7%), Honor (6%), vivo (4%) и Xiaomi (2%). Најголем раст има vivo со 67% на годишно ниво, додека Samsung остварува стабилни 32%. Xiaomi, од друга страна, бележи сериозен пад на испораките од 54%.

Извештајот предвидува дека во текот на 2025 година пазарот на преклопни телефони ќе задржи двоцифрен раст. Понатамошното подобрување на трајноста и квалитетот на големите преклопни екрани ја зголемува популарноста кај напредните корисници на кои им се важни продуктивноста и мултитаскингот.
Индустријата дополнително се подготвува за 2026 година, кога Apple планира да го претстави својот прв преклопен уред. Во пресрет на доаѓањето на нов голем конкурент, производителите ги забрзуваат иновациите, а новиот три-преклопен Galaxy Z TriFold на Samsung е првиот чекор во тоа позиционирање.

