Најновата верзија на One UI носи подобрена продуктивност, приватност и перформанси низ целиот Galaxy екосистем
Samsung Electronics Co., Ltd. вчера ја објави бета-програмата за One UI 8.5, воведувајќи нови и поедноставни начини за создавање, поврзување и одржување безбедност. One UI 8.5 имовозможува на корисниците да направат повеќе сопомал напор, нудејќи надградби што овозможуваатпоинтуитивни активности, подобро управување со уредите и засилена безбедност.

One UI 8.5: Што е ново за креирањето содржини?
One UI 8.5 го прави создавањето и споделувањетосодржини поинтуитивно – од почеток до крај. Корисниците можат да продолжат да генерираат новислики без прекин со ажурираниот Photo Assist. Тиеможат континуирано да ги уредуваат фотографиите софункциите на Photo Assist¹, без потреба да ја зачуваатсекоја верзија посебно. Кога ќе завршат, лесно можат даги прегледаат сите изработени варијанти во историјатана уредување и да ги изберат омилените.
Споделувањето е исто така пофлуидно благодарение на подобрувањата во Quick Share², кој сега препознавалуѓе на фотографиите и проактивно предлага да им гииспрати директно на тие контакти.

Како One UI 8.5 ја подобрува поврзаноста помеѓу уредите?
Новите функции за меѓу уредска поврзаност гоолеснуваат управувањето со уредите, без разлика даликорисниците треба да управуваат со датотеки, да јасподелат својата мрежа или да комуницираат со уредиво близина. Audio Broadcast³ овозможува леснакомуникација со уреди во близина што поддржуваат LE Audio, користејќи Auracast. Покрај аудио од медиумскиизвори, корисниците сега можат да го емитуваат и својотглас преку вградениот микрофон на Galaxy телефонот – идеално за групни ситуации како тури или настани.
Storage Share⁴ внесува уште поголема флуидност воGalaxy екосистемот со тоа што ги прикажува датотекитеод други Galaxy уреди – вклучувајќи таблети и компјутери – директно во апликацијата My Files. Истотака, им овозможува на корисниците да пристапуваат додатотеките на нивниот телефон од други Samsung уреди, вклучително и од телевизор.

Како остануваат заштитени моите Galaxy уреди?
One UI 8.5 ја зајакнува заштитата на уредите и им давана корисниците појасна контрола над нивнитебезбедносни поставки. Theft Protection ги штитителефонот и податоците во случај да бидат изгубениили украдени. За дополнителна безбедност, Failed Authentication Lock автоматски го заклучува екранотдоколку има премногу неуспешни обиди за потврда на идентитетот преку отпечаток, PIN или лозинка. Проверкана идентитетот исто така штити поголем број поставкиотколку претходно, додавајќи уште еден слој заштита.
Достапност
Бета-програмата One UI 8.5 најпрво ќе биде достапна закорисниците на серијата Galaxy S25 во одбрани пазари, вклучувајќи Германија, Индија, Кореја, Полска, Обединетото Кралство и САД, почнувајќи од 8 декември. Корисниците на Galaxy може да се пријават за учествово бета-програмата преку апликацијата Samsung Members.


