Xiaomi годинава доста брза, па затоа е многу веројатно дека Xiaomi 17 во Европа ќе може да се купи уште во јануари.
Xiaomi 17, кој беше претставен во Кина во септември, сè уште ја чека својата глобална премиера. Иако Xiaomi не сподели никакви детали за интернационалното лансирање, реномираниот аналитичар Абишек Јадав објави на X дека новите флегшип модели на Xiaomi би можеле да пристигнат на глобалните пазари уште во јануари.
„Глобалната верзија на Xiaomi 17, со број на модел 25113PN0EG, се појави на Geekbench страницата за бенчмарк. Тоа сугерира дека компанијата би можела глобално да го лансира Xiaomi 17 во јануари 2026“, напиша Јадав.

На Geekbench исто така е потврдено дека глобалната верзија на Xiaomi 17 ќе има Snapdragon 8 Elite Gen 5, 12 GB RAM и Android 16. Телефонот постигнал 3.176 поени во еднојадрениот тест и дури 10.010 поени во повеќејадрениот тест.
Што се однесува до другите спецификации, се очекува 6,3-инчен LTPO AMOLED екран со 120 Hz, тројна задна камера од 50 MP, предна камера од 50 MP и батерија од 7.000 mAh со 100 W жично и 50 W безжично полнење.
Да потсетиме, неодамна се појави информација дека Xiaomi би можел да ја претстави во Кина својата перјаница, Xiaomi 17 Ultra, на 26 декември. Ако тоа се оствари, реално е да се очекува и глобалното претставување на овој телефон да биде одржано порано од вообичаено — што значи дека новата Ultra би можеле да ја видиме веќе во јануари.


