Honor Magic8 серијата доби нов член по официјалното претставување на моделот Magic8 Lite. Како што сугерира и самото име, ова ќе биде најевтиниот модел од семејството и пристигнува како наследник на Magic7 Lite, кој беше лансиран во јануари годинава.
Honor Magic8 Lite го погонува процесорот Snapdragon 6 Gen 4 од Qualcomm, спарен со 8 GB RAM. Достапен е со 256 GB и 512 GB простор за складирање. Се истакнува со OLED екран од 6,79 инчи, резолуција 1.200 x 2.640 пиксели и стапка на освежување од 120Hz, PWM затемнување од 3.840Hz и максимална осветленост од 6.000 нити, како и со главна камера од 108 MP, ултраширока од 5 MP, предна камера од 16 MP и масивна батерија од 7.500 mAh со поддршка за жично полнење од 66W.

Паметниот телефон има IP66, IP68 и IP69K сертификати за отпорност на прашина и вода, а ќе биде достапен во зелена Forest, црна Midnight и црвенкаво-кафеава боја. Honor тврди дека Magic8 Lite може да издржи пад од висина до 2,5 метри на одредени површини, како што е мермер.
Неговите димензии се 161,9 x 76,1 x 7,76 mm, а тежи 189 грама. За жал, работи на Android 15 со Honor MagicOS 9, иако Google го објави Android 16 уште во јуни, односно пред половина година.

Информациите за цените сè уште не се објавени, но Honor вели дека телефонот ќе биде достапен во Европа во јануари 2026 година.


