Samsung One UI 8.5 пристигнува во редизајниран стил сличен на Apple Liquid Glass интерфејсот, со повеќе заоблени елементи, „лебдечки“ копчиња и благи прозирни ефекти.
Samsung започна бета тестирање на верзијата One UI 8.5, а со тоа доаѓа и јасен увид во новиот правец на дизајнот на интерфејсот и работното опкружување за Galaxy телефоните. Поголемиот дел од визуелните промени изгледаат познато бидејќи станува збор за препознатливиот Liquid Glass стил што Apple го користи во iOS 26 верзијата, а сега во поблага форма, се појавува и во Samsung интерфејсот.
Ова никако не треба да се протолкува како дека Samsung ја воведува истата агресивна транспарентност како Apple, но многу елементи изгледаат речиси многу слично. На пример, во подесувањата и во основните Samsung апликации се појавува пловечкото „Back“ копче, исто како во iOS. Навигациските ленти, исто така, добиваат заоблени рабови и издвоени „табови“, што е уште еден препознатлив детал на Liquid Glass дизајнот.

Samsung One UI 8.5 воведува промени во изгледот на интерфејсот слични на Liquid Glass
Во Gallery апликацијата се присутни благи прозирни слоеви, додека Calculator добива 3D „pop-top“ копчиња кои изгледаат како директно инспирирани од Liquid Glass редизајнот.
Пристапот на Samsung е селективен: ги зема само визуелно атрактивните, непроблематични делови од Liquid Glass и ги комбинира со сопствената естетика, без агресивно преломување на светлината и нечитливи транспарентности што кај Apple корисниците предизвикаа полемики. Сепак, ова е интересен потег затоа што Google Material 3 Expressive добива големи пофалби, додека Samsung продолжува да развива сопствен, сè пооддалечен идентитет во однос на Google и другите апликации што корисниците секојдневно ги користат.

One UI 8.5 така најавува година во која Samsung дизајнот повторно ќе еволуира, овојпат во насока што многу потсетува на Liquid Glass. One UI 8.5 се очекува на почетокот на следната година, најверојатно заедно со излегувањето на новата Galaxy S26 серија телефони, пренесува 9to5Google.
