Galaxy Z TriFold веќе неколку дена е достапен за купување во Јужна Кореја, каде што беше распродаден за само неколку минути од неговото појавување на пазарот.
Првиот мобилен телефон на Samsung со тројно преклоплив екран, Galaxy Z TriFold, оваа недела беше пуштен во продажба во Јужна Кореја и, и покрај високата почетна цена на домашниот пазар од околу 2.100 евра, беше распродаден за само неколку минути.

Како што пренесува GSM Arena, купувачите не навалиле само на веб-продавниците, туку и пред некои од продавниците на Samsung биле забележани долги редици луѓе кои чекале почеток на продажбата. Samsung засега не објави колку примероци од Galaxy Z TriFold биле продадени во првиот ден, но на официјалната веб-страница во Јужна Кореја веќе е отворена можност за пријавување за известување кога уредот повторно ќе биде достапен.

Да потсетиме дека Galaxy Z TriFold е достапен исклучиво во црна боја и тоа во една конфигурација, со 16 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија. Освен во Јужна Кореја, телефонот ќе се продава и во Кина, Сингапур, Обединетите Арапски Емирати, САД и на Тајван. Таму цените сигурно ќе бидат повисоки отколку во Јужна Кореја. Достапноста за Европа сè уште не е потврдена.


