Google Search додава „плус“ мени на почетната страница за пребарување, кое овозможува испраќање слики и фајлови, како и подобра поврзаност со функциите на AI Mode.
Почетната страница на Google Search ретко се менува, но откако претходно оваа година беше додадена кратенка за AI Mode, сега пристигнува уште една видлива новина. На адресата google.com се појави нов „плус“ мени, сместен директно во полето за пребарување.
Во самото поле за внесување на поимот за пребарување, иконата со лупа е заменета со знак плус на крајната лева страна. Со клик на него, на корисниците им се нудат опциите „Upload image“ и „Upload file“, односно испраќање слика или фајл. Визуелно и функционално, ова решение е многу слично на начинот на работа во рамките на AI Mode околината.
Новото„плус“ мени ги истакнува AI можностите на Google Search
Иако самите можности не се нови, со овој потег Google појасно истакнува дека пребарувањето не служи само за пронаоѓање информации, туку и за извршување конкретни задачи. Исто така, новиот мени навестува дека овие опции може да се користат заедно со AI Mode и AI Overviews функциите.

Засега, „плус“ менито е достапно исклучиво на десктоп верзијата на Google пребарувањето, додека на мобилните уреди сè уште не е присутно. Според достапните информации, функцијата веќе е активна на сите тестирани уреди, вклучувајќи и користење без најавен профил, како и во Incognito режим.
Паралелно со ова, Google неодамна ја измени и iOS апликацијата. На iPhone уредите, иконата Google Labs во горниот лев агол на почетната страница е заменета со копче што директно ја отвора историјата на AI Mode пребарувањата. Оваа промена засега не е достапна на Android верзијата на апликацијата.
Дополнително, Google направи и мали прилагодувања на почетната страница на AI Mode режимот, каде копчето за историја сега се наоѓа од левата страна, додека копчето за враќање или затворање е преместено на десната страна од интерфејсот.

